Icon Image

МЕГА ПОПУСТИ

До 35%

13Денови01Час35Мин42Сек

БАНДАНИ ЗА СИТЕ СЕЗОНИ

РЕВОЛУЦИЈА ВО НЕГАТА


ИНФОРМАЦИИ

Често поставувани прашања

Дознајте сè што треба да знаете за безбедна и ефикасна употреба на нашите уреди.


Нашите производи се изработени со иглички од висококвалитетен медицински челик, што гарантира безбедност и долготрајност. За разлика од обичните дермаролери, кои ја „кинат“ кожата влегувајќи под агол, нашите дермаштампови продираат вертикално, со што се намалува иритацијата, се избегнува непотребното трауматизирање и се овозможува побрзо закрепнување на кожата.




Третманот генерално не е болен, туку предизвикува чувство на пецкање или „гребење“. Бидејќи апаратите имаат прилагодлива должина на игличките, можете да започнете со најмала длабочина (0.25 mm) додека кожата не се навикне. Доколку користите иглички подолги од 1.0 mm, може да се нанесе крема за локална анестезија.




Фреквенцијата зависи од должината на игличките: 0.25–0.5 mm може да се користи 2 до 3 пати неделно за сјај и подобра апсорпција. 0.5–1.0 mm се препорачува еднаш неделно или на секои 10–14 дена. Над 1.0 mm (за скалп или длабоки лузни) се користи на секои 3 до 4 недели за целосна регенерација.




За лице: Подобрување на текстурата и сјајот се забележува по 2–3 третмани, додека за брчки се потребни 3–6 месеци. За коса: Видливи промени во густината обично се појавуваат по 8–12 недели континуирана примена на скалпот.




Иако не е задолжително, се препорачува бидејќи дермаштампот ја зголемува апсорпцијата до 80%. За коса, најдобри резултати се постигнуваат со серуми за раст, но миноксидил треба да се нанесува 24 часа по третманот за да се избегне иритација.




Хигиената е клучна: 1. Исплакнете ја главата со топла вода по употреба. 2. Потопете ја главата со иглички во 70% изопропил алкохол во траење од 10 минути. 3. Оставете го апаратот да се исуши на воздух пред да го вратите во кутијата.




Не го користете на кожа со активни акни, егзема, псоријаза, отворени рани или инфекции. Исто така, не се препорачува за време на бременост или кај лица со алергија на метал.


е додаден во вашата кошничка.
Плаќање