УСЛОВИ ЗА ИСПОРАКА

Испораката се врши на адресата дефинирана од Купувачот при извршената нарачка исклучиво на подрачјето на Р. Северна Македонија само на лицето со својство на Купувач (име и презиме) или на лицето дефинирано како превземач на нарачката од страна на Купувачот. Трошоците за испорака важат за достава низ Скопје и цела територија на Р. Северна Македонија.

Преземањето може да се изврши исклучиво од страна на Купувачот (или наведеното лице за прием на нарачката) со покажување на валиден документ за лична идентификација.

Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката. Точен телефонски број е задолжителен податок при правење нарачка.

Доколку нарачката е направена по 16 часот (од понеделник до петок), истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака.

Доколку нарачката е направена во Сабота, Недела или во друг неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.

Времето на испорака во Скопје изнесува од 3 до 7 работни дена од моментот на правењето на нарачката. Низ другите градови во Р. Северна Македонија времето на испорака изнесува од 5 до 10 работни дена од моментот на правењето на нарачката. Доколку нарачката е направена после 17 часот тогаш периодот за испорака започнува да тече од следниот работен ден. Доколку нарачката е направена во неработен ден рокот започнува да тече од првиот работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат неработните денови.

Bandana.mk го задржува правото да го продолжи периодот на испорака без да го извести купувачот најмногу 10 дена од моментот на правењето на нарачката и над 10 дена само со договор со купувачот.

Доколку има доцнење на испораката bandana.mk не сноси никаква одговорност доколку доцнењето е предизвикано од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката. Во случај, кога купувачот не е дома и не е достапен за доставување на порачката во договорениот термин и на наведената адреса, или нема обезбеден пристап и услови за предавање на производот во тој рок, bandana.mk се ослободува од обврската да ги испорача производите наведени во порачката. Во тој случај купувачот ќе ја подигне на свој трошок порачаниот производ.