УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КУПУВАЊЕ

Цените на сите производи на www.bandana.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ. www.bandana.mk го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.

За купување на производи преку www.bandana.mk важат редовните малопродажни цени. Количините на производите се ограничени. Согласно тоа, одредена нарачка може да биде откажана поради исцрпување на залихите.

Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето. Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната, www.bandana.mk има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.

Купувањето можете да го остварите со следните платежни картички, издадени од било која банка: Visa, Visa Electron, MasterCard и Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката), а наплатата се извршува преку нашиот партнер НЛБ Банка.